Познати се деталите: Феликс потпиша нов договор, па замина во Челси!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс ќе игра на позајмица во Челси до крајот на сезоната, а претходно го продолжи својот договор со Атлетико Мадрид до 2027 година.

Тоа што е интересно е дека позајмицата на Челси ја покрива цела негова плата до крајот на сезоната, а Португалецот до крајот на денот ќе направи медицински прегледи и ќе го облече синиот дрес.

Феликс нема откупна клаузула во неговиот договор со Челси, па тоа значи дека и дефинитивно ќе се врати во шпанскиот гигант на крајот на оваа сезона.

Атлетико Мадрид пред неколку години за неговите услуги плати 127 милиони евра и го направи најскапо засилување.