Познати се сите детали: Фофана дефинитивно доаѓа во Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси конечно го убеди Лестер сити да им го продаде Весли Фофана, а познатиот спортски новинар Фабрицио Романо ги објави деталите од трансферот.

Двете екипи вчера постигнале договор за трансфер, откако три претходни понуди на Челси беа одбиени од Лестер.

Челси за потписот на Фофана ќе плати 75 милиони фунти плус бонуси, а клубовите ги средуваат документите кои треба да се потпишат во следните часови.

Фофана ќе потпише договор до 2028 година, откако ќе биде завршена цела документација, а потврда за трансферот и промоција на фудбалерот ќе се одржи во следните денови, по завршување на медицинските прегледи.