Познати се судиите за последниот меч во првата фаза на Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската репрезентација утре игра против Австрија во последниот меч од првата фаза на ракометното Европско првенство (ЕП), а денеска беа објавени и судиите за дуелот.

Македонските ракометари мора да победат против еден од домаќините ако сакаат да остварат пласман во следната фаза од големото натпреварување, а во третото коло против Австрија правдата ќе ја делат Давид Сок и Бојан Лах од Словенија.

Мечот меѓу Австрија и Македонија се игра во Виена со почеток од 18.15 часот.