Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, синоќа на спектакуларен начин се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.
Србинот во драматичен меч од четвртфиналето, по повеќе од пет часа неуморна борба, со 3:2 во сетови, го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.
Седумкратниот освојувач на најпрестижниот гран слем во полуфиналето ќе игра против првиот светски тенисер Јаник Синер. Нивниот дуел на Централниот терен на Вимблдон е закажан за петок, најверојатно од 14.30 часот според времето во Македонија.
Тоа ќе биде 12. меѓусебен дуел на 39-годишниот Ѓоковиќ и 15 години помладиот Синер. Во меѓусебниот скор, Италијанецот води со 6:5.
Сепак, последниот нивни меч му припадна на Новак. Тоа беше на познатото полуфинале на Австралија Опен оваа година, кога Србинот со 3:2 во сетови го совлада, чинеше нерорливиот Синер.
















