Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси мораше да биде заменет во финалето на Копа Америка, откако се здоби со повреда, по која беа направени детални прегледи.
Прегледите покажаа дека Меси има оштетени лигаменти на скочниот зглоб, а тренерот ан Интер Мајами објави дека Аргентинецот ќе паузира најмалку два натпревари.
„Меси нема да игра против Торонто и Чикаго. Новиот преглед треба да покаже дали ќе се врати по овие два меча или ќе паузира подолго“, кажа Мартино.
Аргентина славеше во финалето на Копа Америка против Колумбија и го освои пехарот.