Познато колку ќе заработува Азар на минута во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа официјално потврди дека Еден Азар е нов фудбалер на овој фудбалер кој ќе стигне од лондонски Челси.

Шпекулациите околу доаѓањето на Азар во Реал траеа со месеци, но конечно синоќа завршија со потврда дека Белгиецот својата кариера ќе ја продолжи во дресот на кралскиот клуб.

Тој потпиша петгодишен договор, а на Сантијаго Бернабеу официјално ќе биде претставен на 13. јуни.

Кралевите на сметката на Плавите ќе префрлат 100 милиони евра, додека Челси од разни бонуси би требало да заработи уште 50 милиони евра.

Азар ќе биде еден од најплатените играчи на денешницата. Тој годишно во Реал ќе заработува 19.2 милиони фунти што е значитечно повеќе од тоа што го заработуваше во Челси.

Тоа значи дека месечно Азар ќе инкасира 1.73 милиони фунти, неделно таа сума ќе изнесува 400.000 фунти. Дневно тој ќе заработува 57.142 фунти, на час 2.380, додека на минута 39 фунти.