Познато колку пари добил Мбапе за да не потпише со Реал Мадрид!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе минатото лето беше главна тема на сите медиуми затоа што се очекуваше да се пресели во Реал Мадрид, меѓутоа тој на крајот реши да потпише нов договор со ПСЖ, а причината е тоа што добил повеќе пари.

„Ле Паризиен“ откри детали од договорот на Мбапе со ПСЖ кој беше потпишан до 2025 година. Французинот кажа дека не потпишал за парижаните поради финансиска понуда, туку поради проектот на клубот, но деталите покажуваат дека тоа не е вистина.

ПСЖ за да го задржи Мбапе и да го одбие нападот на „кралевите“ ќе му плати вкупно 630 милиони евра, а ова е најголем договор во историјата на фудбалскиот свет.

Мбапе добива 72 милиони евра за годишна плата во следните три сезони, додека бонусот е 180 милиони евра.

Исто така, постои клаузула за бонус за лојалност и истата се зголемува за 10 милиони секоја година, односно прво ќе добие 70, па 80 и за последната година 90 милиони евра.