Познато колку пари ќе заработува Џеко во Фенербахче

Босанскиот напаѓач Един Џеко го напушти Интер, откако му заврши договорот, па се реши да потпише двегодишен договор со Фенербахче.

Турските медиуми ја објавија и платата која ќе ја добие 37-годишниот босански напаѓач, а таа изнесува 4,2 милиони евра по сезона.

Оваа сума ќе биде зголемена со бонусите, кои ќе ги добие Босанецот и истата може да надмине и 10 милиони евра за две години.

Фенербахче заврши на второто место во турската Суперлига, а следната година ќе ја нападне титулата.