Пред 13 години Тим Данкан го доби најбизарното исклучување во историјата на НБА-лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На денешен ден во 2007 година легендарниот кошаркар на Сан Антонио спарс, Тим Данкан го заработи најбизарното исклучување во историјата во НБА-лигата.

Во средбата против Далас маверикс, Данкан беше исклучен затоа што се смееше на клупата на својот тим и тоа откако контроверзниот судија Џо Крафорд досуди неколку чудни лични грешки.

Крофорд по мечот, наводно, го повикал Данкан и на физичка пресметка, но на крајот беше суспендиран од страна на поранешниот комесар.

По 21 година Крофорд не судеше ниту едно НБА-финале, но му беше дозволено да биде судија. Тој вели дека одлуката му го променила животот.

„Тоа со Данкан ми го промени животот. Разбрав кои работи се лоши не само на теренот, туку и надвор од него“, кажа судијата.