Пред 22 години Роберто Карлос ги „покоси“ сите закони на физиката (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред точно 22 години Роберто Карлос постигна еден од најпознатите голови во историјата на фудбалот. Бразилецот на пријателскиот меч со Франција во Лион даде неверојатен погодок.

Толку неверојатен што на момент ќе помислите дека не е возможно топката да има таква траекторија на движење до мрежата.

Карлос имаше слободен удар од 35 метри, а пред себе жив ѕид со четири противнички фудбалери и на голот легендарниот Фабијан Бартез.

Левиот бек на „кариоките“ со својата препознатлива левица испрати удар кон голот, а топката помина покрај противничките фудбалери и на крајот заврши во мрежата.