Пред неколку дена сакаа да го продадат, а сега Албанецот даде хет-трик за Барселона 🎥

Барселона во пријателски меч го победи Химнастик со 4-0, а одличен меч одигра албанскиот напаѓач Реј Манај.

Каталонскиот клуб играше во два различни состави во мечот, а подобар впечаток оставија фудбалерите кои настапија во вториот дел.

Во второто полувреме во центар на внимание беше албанскиот напаѓач Реј Манај, кој одигра фантастично и постигна хет-трик.

Манај прво погоди за 1-0 во 60. минута, а потоа во завршницата од натпреварот постигна уште два гола.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона пред неколку дена соопштила дека ќе го продаде Манај, а тој ги замолче сите со фантастичниот натпревар, а сигурно ќе привлече и голем интерес.