Пред три години се збогуваше од тенисот, а сега преживеа маратон на Австралијан опен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Британскиот тенисер Енди Мареј има навистина неверојатна приказна, затоа што поранешниот најдобар тенисер во светот, пред три години се збогуваше од спортот, но денеска славеше во првото коло против Николоз Басилашвили со 3-2 во сетови, односно 6-1, 3-6, 6-4, 6-7 и 6-4.

Мареј, кој во моментов се наоѓа на 113. позиција во светот, се пласираше во второто коло, и тоа откако двапати неговиот противник се враќаше од еден сет негатива. Меѓутоа, по загубениот четврти сет во неизвесен тај-брејк (5-7), Британецот собра сили и го доби решавачкиот сет на натпреварот.

Поранешниот прв тенисер на АТП во Мелбурн во 2019 година кажа дека можеби ги одиграл последниот натпревар во кариерата, по што имаше неколку тешки операции и проблеми со повреди, но ништо не го спречи да му се врати на тенисот.

Следниот натпревар му е против квалификантот Тар Даниел, па доколку игра како во денешниот меч и неговиот ривал нема добар ден, тогаш може да го очекуваме Мареј во третото коло на првиот гренслем-турнир во сезоната.