Предавство на „Енфилд“: Манчестер Сити ангажира една од ѕвездите на Ливерпул


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Трент Александар-Арнолд сè уште нема потпишано нов договор со Ливерпул, а додека тоа се чека, други клубови ја следат ситуацијата. Еден од нив е и Манчестер Сити.

Еден од играчите на кој на крајот на оваа сезона му истекува договорот со Ливерпул е Трент Александар-Арнолд.

Црвените сè уште треба да му понудат нов договор за да ја продолжи верноста кон клубот, а другите тимови ја следат ситуацијата и се обидуваат да го доведат одличниот играч во своите редови.

„Caught Offside“ објави дека е подготвен да ја искористи можноста ниту помалку ниту повеќе, туку Манчестер Сити.

Граѓаните бараат нов десен бек кој би го наследил Кајл Вокер, кој одби да го продолжи договорот.

Споменатиот извор објави дека челниците на тимот од Етихад веќе започнале разговори со претставниците на играчот на Ливерпул.