Предавство на повидок: Фудбалер на Реал Мадрид се сели во Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид на лето би можел да го загуби шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио, кој има договор со екипата до јуни.

Асенсио не добива минутажа кај тренерот Карло Анчелоти, па поради тоа сака да ја напушти екипата од Мадрид, додека за неговите услуги е заинтересирана Барселона.

Новинарот Џерард Ромеро објави дека агентот Жорж Мендеш веќе разговарал со Жоан Лапорта а трансфер на Асенсио и наскоро се очекува договор меѓу двете страни.

Претседателот на Барселона треба да испрати понуда до Асенсио, кој наводно е подготвен да направи предавство и да се пресели во вечниот ривал на Реал Мадрид.