Прекината серија на Меси која траеше три години, пораз и за Интер Мајами (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер Мајами неочекувано загуби на домашен терен од Атланта јунајтед со 1-3 во МЛС-лигата.

Единствениот гол го постигна Лионел Меси во 62. минута, а тоа беше негов 11. гол оваа сезона во која има и 13 асистенции.

Интересно е тоа што овој меч прекина серија на аргентинскиот фудбалер која траеше од 2021 година, односно ова беше прв пораз за негова екипа во меч на кој постигнал гол.