Прекинато е првенството во Белгија: Клуб Бриж прогласен за шампион!

Генералното собрание на белгиското првенство реши да ја прекина сезоната. По неколку недели размислување за тоа што ќе се случи, тие решија да го прекинат шампионатот и да прогласат шампион.

Клуб Бриж ја освои шампионаската титула, а останатите места се доделени според моменталната табела пред да биде прекинато првенството.

Екипата на Беверен испадна од лигата, а следната сезона ќе се игра плејоф меѓу првите четирипласирани тимови од регуларниот дел на сезоната.

Белгиската лига е уште една лига која е прекината, а пред неа беше запрено првенството во Франција и Холандија.