Премиерлигаш му го краде Одегард на Реал Мадрид?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Младиот и талентиран фудбалер Мартин Одегард сака да замине од Реал Мадрид затоа што не добива шанса во екипата на Зинедин Зидан.

Одегард сезонава одигра само 367 минути, па тој побара да замине на позајмица, иако Зидан не сака да се раздели со него.

Интерес постои од неколку тимови, а засега најголемиот е од Арсенал, кој веќе почнал преговори со неговиот агент и наскоро се очекува договор.

Шпанските медиуми објавија дека Одегард уште не донел одлука дали сака да го засили премиерлигашот, зашто за него заинтересиран е и Реал Сосиедад.