Преодниот рок во Премиерлигата би можел да трае до март 2021!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нови информации пристигнуваат за тоа како управата на Премиерлигата има намера да се избори со актуелната ситуација, односно пандемијата на коронавирусот.

Една од темите беше и за летниот преоден рок. Засега постојат многу теории како ќе изгледа, а последната е дека би можел да биде продолжен дури до март следната година.

Финансиските загуби во клубовите се зголемуваат и тие ќе мора да продаваат фудбалери за да ја задржат стабилната состојба. Затоа екипите речиси сигурно ќе добијат дополнително време во преодниот рок за да ја зачуваат иднината.

Премиерлигата е планирана да се доигра без навивачи, а тоа е уште еден удар за финансиите на тимовите. Но, во овој момент за нив е најважно да продолжи сезоната за да не мора да ги загубат и парите предвидени од ТВ-правата.