Преседан: Бока јуниорс ќе игра натпревар со заразени фудбалери на ковид-19!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова е уште еден доказ дека Бока јуниорс во Аргентина и во Копа Либертадорес е повеќе од клуб. Двајца нивни фудбалери беа позитивни на вирусот на почетокот на месецот, но и покрај тоа добија дозвола од КОНМЕБОл да играат против Либертад на гостувањето во Асунсион.

КОНМЕБОЛ заедно со Министерството за здравство на Парагвај даде дозвола на екипата од Буенос Аирес да патува преку граница и со фудбалери заразени на ковид-19.

Оваа одлука оди со објаснување дека лицето заразени со ковид-19 кое минало двенеделен карантин може да патува ако нема никакви симптоми на вирусот.

Ова ги налути Парагвајците, кои го обвинија КОНМЕБОЛ дека не ги почитува сопствените протоколи кои им ги наметна на тимовите.