Пресметка за која се зборува: Ова момче му скршило ребро на Ибрахимовиќ!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ е познат како човек кој има незгоден темперамент. Тој сака секогаш да биде главен во соблекувалната и на теренот, а ретко некој се осмелуваше да му се спротистави.

Меѓутоа, во 2010 година по доаѓањето во Милан, Ибрахимовиќ налетал на американскиот дефанзивец Огучи Ониеву. Со него имал физичка пресметка која траела 25 минути.

„Ме обвини дека зборувам глупости, но тоа не беше вистина. Јас му кажав, а тој продолжи. Ми покажа со прст да молчам. Ибра доби топка, а јас стартував на него со две нозе. Успеа да го избегне тоа и јас си помислив како можам да промашам. Станав и избегав, но почуствував удар во раката. Потоа го удрив со глава и почнавме да се тепаме“, открива Ониеву.

Потоа и Ибрахимовиќ опиша што се случувало.

„На крајот се случи нешто чудно. Ониеву пона да се моли со солзи во очи и мислев дека тоа е провокација. Чувствував болка во рацете, а на крајот проверивме и ми беше скршено едно ребро“, открива Ибра.