Пресврт во Мадрид: Азар се враќа побрзо од очекувањата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Tренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го објави списокот на играчи на кои ќе смета за натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбах, а на списокот се најде и едно изненадување – Еден Азар!

Белгиецот сезонава не настапи на теренот, а шпанските медиуми пишуваа дека ќе паузира до крајот на ноември, но сепак Зидан ги изненади сите со одлуката да го врати Азар во тимот.

Азар има проблеми со повреда на десната нога и последниот дуел го одигра на 7 август, но ова е охрабрувачка вест за „кралевите“, кои ќе добијат дополнителна помош од белгискиот репрезентативец.