Пресврт за Италијанецот: Буфон и следната сезона ќе брани во ЛШ!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џанлуиџи Буфон реши дека една сезона во ПСЖ беше доволна, па Италијанецот бара нов предизвик, а често го поврзуваат со враќање во татковината.

Откако стана јасно дека нема да го продолжи договорот со ПСЖ, почнаа шпекулации за неговата следна дестинација, а многумина сметаа дека ќе се врати во Парма или ќе ја засили Бреша.

Сепак, италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио тврди дека Порто е фаворит за потписот на Буфон. Во случај на заминување во Порто, Буфон на голот ќе го замени легендарниот Икер Касилјас, кој мора да ја заврши кариерата поради здравствени проблеми.

Секако, постои шанса Буфон да се врати и во Италија, односно во Аталанта, која исто така ќе настапува во Лигата на шампиони (ЛШ), па така Италијанецот би можеле да го гледаме и следната сезона во елитното натпреварување.