Претседателот на Барса ги коментираше доаѓањата на Нејмар и Гризман и им даде голема надеж на фановите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу на специјална прес конференција зборуваше за многу работи поврзани со клубот.

Она што најмногу ги интересираше фановите на Барселона е тоа дали во клубот ќе пристигнат Антоан Гризман или Нејмар, на што Бартомеу одговори:

„Има интерес од наша страна за Гризман. Вчера нашиот извршен директор, Оскар Грау се сретна со Мигел Анхел Гил од Атлетико Мадрид. За Нејмар знаеме дека сака да си замине од ПСЖ, но исто така знаеме дека ПСЖ не сака да го продаде“- истакна Бартомеу.