Претседателот на Барселона ја згрози јавноста: Му се заканувал на Артур да се пресели во Јуве!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во претходните неколку недели се шпекулираше дека Миралем Пјаниќ ќе ја продолжи кариерата во Барселона, додека во спротивен правец во Јувентус ќе замине Артур Мело.

Од Јувентус порачаа дека се подготвени да го пуштат Пјаниќ, но само доколку Артур потпише за нив, а размената ја „кочи“ токму Бразилецот, кој не сака да си замине од Каталонија.

Поради тоа Барселона сака да го убеди Артур да се пресели во Јувентус, а тоа не им се допаѓа на навивачите, кои веруваат дека Бразилецот заслужува да остане.

Претседателот Жозеп Марија Бартомеу има други планови, па наводно му се заканувал на Артур со тоа што ќе се случи доколку не замине во Јувентус.