Претседателот на Бреша потврди дека Барселона испратила доста примамлива понуда за Тонали


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Бреша, Масимо Селино потврди дека Барселона понудила доста примамлива понуда за трансфер на Сандро Тонали.

„Каталонците“ понудиле 65 милиони евра плус двајца фудбалери од кои едниот бил од одбраната.

„Пред коронавирусот, Барселона пристигна со понуда од 65 милиони евра плус двајца играчи проценети на по 7.5 милиони евра. Еден од нив беше играч од одбраната“ –изјави Селино за „Кориере дело Спорт“.

Сепак, како што пренесува „Мундо Депортиво“ ова биле празни зборови на претседателот на Бреша затоа што Барселона никогаш не испратила ваква понуда за Тонали.