Претставници на Рома ќе се сретнат со челниците на Јунајтед за да преговараат за перманентен трансфер на Крис Смолинг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Инсајд Фудбал“ пренесува дека претставници на Рома ќе се сретнат со челниците на Манчестер Јунајтед со цел да договорат перманентен трансфер на Крис Смолинг на „Олимпико“.

Англичанецот одигра осум натпревари за Рома оваа сезона, а во Рим настапува како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед.

За него „ѓаволите“ ќе бараат околу 20 милиони евра, па доколку Рома се согласи да ги плати, можен е трансфер уште во јануарскиот преоден рок.