Приказната на Винисиус од Мајами е нешто поради што сите го сакаме фудбалот! 📸


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор имал возбудлив настан при одморот во Мајами, кога се сретнал со еден млад навивач, кој побарал од него да се фотографираат.

Кога бразилскиот фудбалер се согласил на тоа, момчето почнало да плаче, а тоа предизвика реакции од другата страна.

Винисиус поради емотивната реакција го повикал момчето во хотел и му подарил дрес со својот потпис.

Момчето заврши на насловната страна на шпанска „Марка“ во прегратка на својот идол, а приказната стана популарна на социјалните мрежи.

Ова е уште еден доказ за тоа зошто го сакаме фудбалот и колку е составен дел од животот на многу луѓе.