Проблем за Ливерпул, Вернер бил отворен и за трансфер во Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Калчомеркато“ пишува дека Тимо Вернер бил отворен за трансфер во италијанската Серија А.

Одличниот германски напаѓач долго време се поврзува со трансфер во редовите на Ливерпул и англискиот тим беше виден како негов следен клуб.

Сепак, по најновите најави постои можност по неговиот потпис да тргне тимот на Интер кој речиси сигурно ова лето ќеостане без услугите на Лаутаро Мартинез кој ќе се пресели во Барселона.

Напаѓачот на Ред Бул Лајпциг бил посочен како еден од можните кандидати за наследник на Аргентинецот на „Џузепе Меаца“.