Проблеми на Островот: Одложен уште еден натпревар од Премиерлигата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ковид-19 направи проблеми во англискиот фудбал, а сега е донесена одлука за уште еден меч да се одложи.

Тотенхем не играше претходно против Фулам поради тоа што тимот имаше голем број на заразени со вирусот, а сега е откажан и мечот против Астон вила.

Астон вила објави дека има голем број на позитивни случаи и поради тоа екипата играше со младински состав против Ливерпул во ФА-купот.

На два дена пред мечот управата на Премиерлигата реши да го смени ривалот на Тотенхем, кој во среда ќе игра проти Фулам, а засега не е познато кога ќе се игра против Астон вила.

Во Фулам се бесни поради ваквата одлука биејќи не очекуваа за два дена да играат натпревар со Тотенхем и може да се каже дека се во право.