Проблеми за Барселона: Судот му го поништи договорот на Гави


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона потпиша нов договор со Гави, но шпанската Ла Лига одби да го регистрира со објаснување дека немаат доволно место во буџетот за плати за новите примања на фудбалерот.

Клубот од „Камп Ноу“ реши да се тужи со Ла Лига и привремено го регистрира Гави, со што му исплати дел од средствата од новата плата, но сега екипата се соочува со нови проблеми.

Шпанските медиуми пишуваат дека Ла Лига го поништила договорот на Гави затоа што адвокатите на Барселона доцна ги испратиле документите.

Гави ќе остане во екипата како младинец, но неговата откупна клаузула следното лето ќе биде 0 евра и ќе може било кој тим бесплатно да го ангажира.