Проблеми за Ливерпул: Клоп остана без важен фудбалер до крајот на сезоната


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул синоќа загуби на гостувањето во Барселона со 0-3, а за да биде уште поголем проблемот за Јирген Клоп, се повреди и Наби Кеита.

Првите информации за здравствената состојба на фудбалерот воопшто не се добри, зашто докторите сметаат дека сезоната за Кеита е завршена.

Тоа е нов удар за „црвените“, кои до крајот на сезоната ги очекуваат тешки предизвици и натпревари против Њукасл и Вулверхемптон во Премиерлигата, како и Барселона во Лигата на шампиони.

Кеита во својата прва сезона во Ливерпул одигра 33 настапи во сите натпреварувања и има постигнато три гола и една асистенција.

На 24-годишниот фудбалер му беше потребен одреден период да се навикне на стилот на игра на Јирген Клоп, па сите очекуваат наредната сезона да им помогне во борбата во новите предизвици.