Проблеми за Покетино: Еден од најскапите фудбалери ја пропушта сезоната?

Дефанзивецот на Челси, Весли Фофана доживеа тешка повреда поради која ќе паузира неколку месеци.

Челси потврди дека Фофана ќе мора да оди на операција поради тешка повреда на лигаментите и го чека пауза од неколку месеци, а според дел од прогнозите, тој најверојатно ќе ја пропушти сезоната.

Фофана е едно од најскапите засилувања на премиерлигашот, откако стигна од Лестер сити за 80 милиони евра.

Ова е проблем за новиот тренер Маурицио Покетино, кој можеби ќе треба да ангажира нов дефанзивец, иако ги има Чалоба, Бадиашил, Силва и Колвил.