Проблеми за Реал Мадрид: По Куртоа се повреди и Кепа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 3-0 против Брага во Лигата на шампиони (ЛШ), а на голот на шпанскиот гигант беше третиот голман Андреј Лунин.

Лунин доби шанса меѓу стативите откако тренерот Карло Анчелоти се соочи со нов проблем, односно се повреди Кепа Аризабалага.

„Кралевите“ веќе останаа без Тибо Куртоа до крајот на сезоната, а сега се повреди и Кепа кој ќе паузира три недели.

Шпанецот се повредил на загревањето на својот тим пред натпреварот против Брага кој се одигра вчера.

Кепа пристигна во Мадрид на позајмица од Челси, откако Куртоа ги скина лигаментите на коленото.