Проблеми за Шпанецот: Алкараз има 20 години, а досега доживеа 10 повреди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз докажа дека е еден од најдобрите тенисери во моментов и му се предвидува убава иднина, но има и сериозни проблеми со повреди.

На 20 години веќе освои две гренслем-титули, но проблем се и 10. повреди поради кои пропушти голем број турнири.

Повредите во грбот и стапалото се причините поради кои Алкараз го откажа настапот во Базел и ќе загуби 180 бодови, а со тоа направи чекор назад во трката со Новак Ѓоковиќ за врвот на АТП-листата.

Неговиот тренер Мартинес Каскалес вели дека Алкараз се повредува поради експлозивното темпо со кое тренира.