Професорка по математика и боксерка: Да не се соблечев, немаше да знаете за мене!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ебени Бриџис преку ноќ стана сензација на интернет откако се појави пред бокс натпреварот во провокативна облека.

Британката Шенон Кортни на поени го доби мечот против Бриџис, која беше поразена, но и покрај тоа доби голема популарност.

Ебени се појави во долна облека на борбата, а тоа привлече огромно внимание, па сега реши да откри зошто го направила тоа.

„Да бидеме искрени, да бев облечена како другите, немаше никој да зборува за овој натпревар. може да ме критикувате колку сакате, но признајте дека тоа е вистината“, вели боксерката и професорка по математика.