Промени во Лигата на шампионите?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од промената во Лигата на шампионите може поедини клубови да бидат загрижени.

Како што објави влијателната Газате дело Спорт, од сезоната 2018/19 ќе биде променет системот во Лигата на шампионите.

Така од сезоната 2018/19 година на подруг начин ќе бидат одредени екипите кои одредени држави ќе ги претставува во ЛШ.

Иако Премиер лига, Примера, Серија А и Бундеслигата имаат загарантирани четири клуба во најелитното клупско натпреварување, ГДС тврди дека четвртиот клуб ќе биде биран по „историски заслуги“.

Тоа значи дека во Англија покрај водечките три ќе оди и еден клуб, но не мора значи четвртиот на табелата.

Во тој случај, ако не се изборат преку табелата во ЛШ, може Манчестер Јунајтед или Ливерпул да играат во ЛШ.

Првите три одат директно, а за четвртиот се донесува одлука некое нивно рангирањње.

Тие вести, повторно, лоши се за клубовите како Арсенал, Тотенхем или Вест Хем.