Пронаоѓањето на замена за Погба станува невозможна мисија за Јуве


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нова пречка за шампионот на Италија во потрагата за адекватна замена за францускиот играч за врска.

Првата желба на Јувентус е српскиот интернационалец Немања Матиќ, но тешко дека поранешниот играч за врска на Бенфика ќе го напушти Стенфорд Бриџ.

Имаше приказна дека Јуве е спремен да го понуди Заза и пари за Србинот, но според последните информации, тоа нема да се случи, а италијанскиот напаѓач е на пат да се приклучи на германскиот Волфсбург.

Се појави и информација дека Конте разговарал со Матиќ и дека после разговорот со Србинот сфатил дека за него е најдобро е да остане во редовите на лондонските Сини.

Но, според последните наводи на тренерот на ПСЖ, и тоа ќе биде невозможна мисија за Бјанконерите.

Тренерот на Пари Сен Жермен јасно изјави дека репрезентативецот на Франција го сака на располагање во оваа сезона.

„Сакам најдобри играчи на располагање во тимот, Матуиди останува овде“, изјави Емери.

„Три страни донесуваме одлуки, клубот, играчот и јас. Сите ќе можат да заминат доколку добијат понуда, но јас секогаш тврдам дека Матуиди е многу е многу важен за вас. Тој е голем дел од овој тим и ќе видиме дали ќе сака да остане. Доколку сака, тоа би било совршено“, додаде Шпанецот.

„Ќе видиме што ќе се случи меѓу клубот и играчот, но јас сум сосема јасен“, заклучи поранешниот тренер на Севиља.

Значи, Бјанконерите, може да останат и без Блез Матуиди, и се поставува прашањето, кои опции им преостанаа?

Се споменуваше и Аксел Витсел, но денеска се обелодени дека најверојатно ќе остане во Зенит до истекот на договорот.

Не треба да се исклучи ни опцијата за во Торино да дојде Адријен Рабио, истотака фудбалер на ПСЖ, но само доколку Јуве не издејствува премин на Матуиди.

Се споменуваше и Матео Ковачиќ како можна опција, но таа е моментално најмалку веројатна