Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Трансферот на Џејми Варди во Арсенал пропадна, потврди менаџерот на Топџиите Арсен Венгер.
Францускиот стручнак во разговор за кинески Tencent Sports потврди дека од реализацијата на трансферот нема да биде ништо и дека Варди ќе остане во Лестер.
„Џејми Варди е сеуште играч на Лестер и колку што знам, тој ќе остане да игра во тој тим“, рече Венгер.
Варди пред ЕП беше многу блиску до премин во Арсенал.
Зделката наводно беше пред реализација, но на крајот очигледно се предомисли.
Одличниот напаѓач во минатата сезона постигна 24 погодоци во 38 настапи и ги водеше Лисиците до првата титула во историјата на Премиер лигата.