Протокол за рестарт на Премиерлигата: Нема маски, фудбалерите не смеат да плукаат…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите и тренерите нема да мора да носат маски на стадионите и во соблекувалните кога ќе продолжи Премиерлигата на 17 јуни.

За разлика од Бундеслигата, каде што фудбалерите и тренерите мора да носат маски, во Англија тоа е само потреба за медицинскиот персонал и четвртиот судија.

„Би-Би-Си“ објави медицински протокол според кој на фудбалерите им се забранува да го чистат носот, да плукаат и да се ракуваат, а ќе мора да има и одредено растојание при прослава на головите.

На натпреварите во Премиерлигата нема да има деца кои собираат топки бидејќи дезинфицирани топки ќе се враќаат на теренот.

На стадионите ќе биде дозволено присуство на најмногу 300 луѓе, а при доаѓање на фудбалерите ќе им биде мерена температура и ќе мора да ги дезинфицираат рацете.