Прв ден во Наполи и веднаш деби: Елмас ги раситни првите минути во дресот на наполитанскиот клуб

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас веднаш го имаше своето деби во дресот на Наполи на пријателскиот натпревар против Кремонензе кој заврши без победник, 3:3.

Нашиот фудбалер денес и официјално беше претставен како нов фудбалер на клубот и веднаш доби шанса од Карло Анчелоти да покаже што знае и умее.

Елмас ги одигра последните 20тина минути, а интересно е тоа што неколку секунди по неговото влегување Наполи успеа да постигне гол за во тој момент водство од 3:2.