Прв потпис на Конте: Сонот на Вилијан во синиот дрес продолжува!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На овој начин Конте на бразилскиот фудбалер стави до знаење дека на неговите услуги сериозно смета во иднина.

Новиот менаџер на Челси Антонио Конте го направи првиот чекор кога е во прашање креирањето на играчкиот кадар за наредната сезона.

Нов договор со лондонските Сини потпиша бразилскиот напаѓач Вилијан.

Тој стави параф на нова четиригодишна соработка со Челси, во кој стигна на лето 2013 година за 40 милиони евра од руски Анжи.

На овој начин Конте му стави до знаење дека неговите услуги сериозно смета во иднина.

„Многу сум среќен поради договорот,  на овој начин го продолжувам сонот во овој клуб. Во текот на наредните четири сеони ќе се трудам да помогнам на Челси да освои што е можно повеќе трофеи. Минатите години беа неверојатни за мене, освојував титули, а во минатата сезона бев во тимот на годината на Челси. Се надевам дека ќе бидам на тоа ниво и во наредните сезони и дека ќе постигнувам уште повеќе успеси“, рече Вилијан.

Бразилецот има 27 години, а пред Анжи играше во Шахтјор од Доњецк и Коринтијанс, каде што и ја започна играчката кариера.