Прва затворска фотографија на Роналдињо: Кој би рекол дека е еден од најдобрите? (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Објавена е првата фотографија од легендарниот Роналдињо од затворот во Парагвај.

Роналдињо Гаучо и неговиот брат Роберто беа испратени во затворот Асунсион во саботата по наредба на државното обвинителство.

Браќата се сместени во Квадрилатерал затворот, каде обично се обвинуваат за корупција, трговија со дрога и политички процеси.

Известувањата на парагвајските медиуми ја отфрлија можноста за бегство и Роналдињо и неговиот брат се сместени во истата зграда во која се наоѓа државната полиција.

На еден од најдобрите фудбалери му се заканува затвор од шест месеци за влез во Паргавај со лажен пасош, но казната треба да биде помала.

Објавена е првата фотографија на Роландињо од затвор во бели папучи, црни шорцеви, бордо маичка и препознатливата насмевка на лицето.