Прва жртва: Човекот кој ја „стресе“ Србија на СП доби отказ поради Роналдо!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Винсент Абубакар го напушти Ал Наср од Саудиска Арабија затоа што во лигата е ограничен бројот на странци, па поради доаѓањето на Кристијано Роналдо некој мораше да замине.

Искусниот напаѓач од Камерун, кој беше стрелец и асистент на мечот против Србија на Мундијалот, доби отказ од богатиот клуб.

Роналдо сега е прв напаѓач на екипата, па раководството реши да се откаже од одличниот Камерунец, кој имаше висока плата во тимот.

Меѓутоа, како што стојат работите, Абубакар нема проблеми со тоа да најде нов тим затоа што за него се заинтересирани Манчестер јунајтед, Рајо Валјекано и Фенербахче.

Роналдо треба да дебитира за Ал Наср на 22 јануари, кога ќе му заврши суспензијата.