Првенството доведено во прашање: Коронавирусот присутен во Шкендија и Ренова


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тетовските клубови, Шкендија и Ренова потврдија дека во нивните клубови се појавиле позитивни лица на коронавирусот.

По извршените тестирања во Систина било потврдено дека коронавирус има кај четири лица од Ренова и кај две лица од Шкендија.

Од таборот на актуелниот шампион Шкендија потврдија дека веднаш ќе пристапат и кон второ тестирање за да бидат сигурно дали нивните членови се навистина позитивни на вирусот.

Од двата клуба сега чекаат дополнителни насоки во пресрет на продолжението на тренинзите.