Први информации за здравствената состојба на Кристијан Ериксен! 


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пријателскиот натпревар помеѓу Данска и Украина беше прекинат по драматичните сцени кои го шокираа фудбалскиот свет.

Сето тоа се случи кога Кристијан Ериксен ненадејно падна на теренот без контакт со друг играч.

На теренот веднаш настана паника, а медицинските екипи набрзо пристигнаа за да му укажат помош.

Да потсетиме, станува збор за играч кој претходно во кариерата веќе преживеа сериозен срцев инцидент на фудбалскиот терен.

Поради тоа целата ситуација предизвика уште поголема загриженост меѓу соиграчите, навивачите и стручниот штаб.

Медицинските тимови реагираа брзо, а Ериксен по укажаната помош беше изнесен од теренот.

Најбрзо потоа, судијата донесе одлука натпреварот да не се продолжи и го означи крајот на мечот.

Според првите информации од Данска, Кристијан Ериксен е свесен и, според околностите, се чувствува добро.

.