Првиот човек на Дерби се огласи во јавноста: Знае и Челси, знае и Френк, не го пуштаме…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Дерби Каунтисе уште цврсто стојат на ставот да не го пуштат својот тренер да се пресели во редовите на Челси.

Френк Лампард е прв избор на раководството на Челси, и се очекува во следниве денови да има преговори на релација Абрамович-Лампард, меѓутоа за сето тоа најпрво ќе се прашаат челницитена Дерби Каунти.

„Им кажавме на сите и бевме многу јасни, најјасни со Френк, дека сакаме тој да остане во клубот долго време. Доколку Челси сака да го ангажира Френк, тогаш тие треба да достават понуда за тоа. Во меѓувреме, ние ќе продолжиме да го правиме она што најдобро го знаеме за што подобро да испланираме се за сезонаата што доаѓа. Ќе работиме блиску со Френк, а тој знае колку е почитувани сакан од сите поврзани со овој клуб“- истакна Мел Морис, сопственикот на Дерби.