Првиот работен ден на Чави и „аферата Кутињо“: Соблекувалната е против Бразилецот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот тренер на Барселона, Чави Ернандез веднаш ги направи првите потези во екипата и ги смени физиотерапевтот и кондициониот тренер, а потоа донесе и пет правила за фудбалерите.

Уште го немаше првиот тренинг, но Чави веќе почна да ги решава медиумите скандали. Каталонските медиуми кренаа „прашина“ со нивни текстови дека соблекувалната му го свртела грбот на Филипе Кутињо.

Телевизијата „Еспорт3“ објави дека некои ветерани во соблекувалната пред другите играчи му замериле на Кутињо поради непрофесионалноста на тренинг, но и на натпревари.

Последно такво нешто од Кутињо беше забележано на дуелот против Селта, кога тренерот Серхи Бархуан го испрати на загревање, а тој само одеше и не се загреваше со изговор дека блиску било полувремето и немало потреба за такво нешто.

„Бев изненаден кога го прочитав тоа, зашто во кариерата никогаш не сум се однесувал непрофесионално. Го почитувам мислењето на новинарите, но…“, се бранеше Кутињо, но тоа засега е залудно.