Прво заплака, а тогаш седна на авион за Лондон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јапонецот кој во наредните денови треба да биде официјазиран како ново засилување на Арсенал, се прости од својот сега веќе поранешен клуб.

Санфрече Хирошима ремизираше во мечот од четвртото коло од јапонската Џеј лига против Јокохама Маринос.

Губеа се до 81 минута со 1:0, следеше пресврт, а во самата завршница Ито ги постави конечните 2:2.

Резултатот од натпреварот остана во сенка од простувањето на еден од најдобрите играчи на Хирошима.

Такума Асано го одигра својот последен меч за овој тим, со цел во наредните неколку денови да стави параф на договор со лондонски Арсенал.

После последниот судиски свиреж, сите очи беа вперени во 21-годишниот напаѓач.

Се обрати на навивачите на клубот во кој потекна и јасно може да се види дека заминувањето тешко му падна.

Во текот на говорот на момент и заплака, а на крајот и се поклони пред навивачите на својот сакан клуб.

Тој тргна за Англија, каде што во Лондон ќе го сочекаат претставници на Арсенал.

Во прилог можете да го погледнете прошталниот говор на Асано.

https://youtu.be/j8YHco4JEno