„Првпат го гледав Суарез во живо, ме шокираше со изгледот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона во средата навечер гостуваше кај Манчестер Јунајтед во првата средба од 1/4 финалето од ЛШ и славеше со 1-0.

Луис Суарез пресуди во корист на Каталонците, иако на крајот погодокот беше пишан како автогол на Лук Шо. Како и да е, Суарез одигра одличен меч и исклучително беше важен во победата на Барса.

Меѓутоа францускиот новинар Жулиен Лоренс беше многу изненаден од излгедот на 32-годишниот уругваец.

„Ова не можев да го видам на ТВ. Прв пат го гледам Суарез во живо не можам да верувам колку е дебел. Не знам како во клуб како што е Барселона го дозволуваат ова“, напиша Лоренс.

Шпанскиот новинар Џулием Балаге му даде објаснување: „Тоа е силен мускул. Бев со него пред месец ипол на интервју. Одблизу тој не изгледа дека е голем. Имаше повреда на коленото, така да мора да развие мускул околу ногата. Изгледа како силен маж, но не како дебел човек, иако секоја сезона се бори со тежината“.