ПСЖ, Арсенал и Тотенхем заинтересирани за играч на Њукасл


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Угледниот „Ле10 Спорт“ пренесува дека ПСЖ, Арсенал и Тотенхем се заинтереисрани за ангажман на офанзивецот на Њукасл, Алан Сент Максиман.

Крилниот фудбалер има одлична сезона во таборот на Њукасл, а посебно е добар сега по рестартот на Премиер лигата по принудната пауза од коронавирусот.

Играчот ја игра првата сезона во Њукасл откако реализираше трансфер вреден 16 милиони фунти минатото лето, а сега би можел да направи многу подобар трансфер доколку се потврдат за точни шпекулациите на францускиот медиум.